На 12.02.2024 година, денот кога Православната црква го празнува споменот на Светите Тројца Јерарси: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужување со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенство од Скопската и Тетовската митрополија, богослужеше и проповедаше на Божествената Литургија во храмот посветен на Светите Тројца Јерарси, во населбата Аеродром, во Скопје.
Во Литургијата учествуваше и многуброен верен народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.
На Светата Литургија, Архиепископот Стефан во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Дарко Ставрев.
Овој храм е еден од ретките посветени на овие тројца вселенски учители. Се наоѓа во близината на железничката станица во Скопје, а неговото осветување беше во 2021 година, од кога во храмот има редовни богослужби.