По заупокоената Литургија и опелото во храмот „Свети Александар Невски“, телото на блаженоупокоениот Патријарх бугарски Неофит беше пренесено со свечена литија низ престолнината на Бугарија, до храмот „Света Недела“ каде што, според неговата желба, беше погребан до гробот на Егзархот Јосиф.
Телото беше пренесено со државни почести на хаубично оружје, преправено во погребално возило, на кое било пренесено и телото на Цар Борис III.
Пред полагањето во гроб, архијереите на Бугарската Православна Црква отслужија Трисвето, во тремот на храмот „Света Недела“.