Алкивијадис Стефанис: „Света Гора беше, е и ќе остане грчка“

Во интервју за „Апогевматини“, политичкиот администратор на Света Гора, Алкивијадис Стефанис, зборуваше за своите приоритети и цели. Давајќи одговори на актуелини прашања кои ја засегаат Светата Гора – Атос, г. Стефанис истакна дека главна грижа е одржувањето на мирот и хармонијата.

На прашањето за состојбата во Светиот Манастир Есфигмен, меѓу другото, тој рече дека станува збор за проблем кој ги загрижува како Света Гора, така и поширокото општество.

Политичкиот администратор на Света Гора, кој официјално ја презеде функцијата на 21 август годинава, даде одговор и на оние кои тврдат дека Света Гора има интервенционистичка улога во политичкиот живот на земјата. „Категорично не. И покрај повремената злоупотреба на Света Гора за политички цели од страна на некои, важно е да се истакне дека и управата на Света Гора, како и Светиот Надзор со светите манастири, не се вклучуваат во политички процеси, ривалства и токсичност“, одговори тој.

Тој исто така истакна дека Света Гора има значајна геостратешка позиција во време кога религиозната дипломатија добива сè поголемо значење. „Сите дваесет манастири на Света Гора се грчки и функционираат според Статутот на Света Гора, кој е законски декрет на Грција од 10 септември 1926 година, додека нашиот Устав експлицитно го спомнува статусот на Света Гора во член 105. На пример, во Манастирот Свети Пантелејмон – кој често погрешно се нарекува руски – 55% од монасите се Руси, а останатите се Украинци, додека во минатото имало и грчки монаси. Сите монаси на Света Гора – без разлика на нивното национално потекло – се грчки државјани. Како резултат на тоа, треба да разбереме дека Света Гора беше, е и ќе остане грчка“, истакна тој.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/agioreitika/alkiviadis-stefanis-to-agion-oros-itan-einai-kai-tha-parameinei-elliniko/