Бугарскиот Патријарх присуствуваше на првата седница на 52. Народно собрание

Неговата Светост Бугарскиот патријарх Даниил, на 30 април 2026 година присуствуваше на првата седница на новиот 52. парламент на Република Бугарија, придружуван од главниот секретар на Светиот Синод на Бугарската Патријаршија.

Заедно со претстојателот на Бугарската Православна Црква, во парламентот присуствуваа и претседателката Илијана Јотова, техничкиот премиер Андреј Ѓуров и министрите од техничката влада, претставници на другите вероисповеди во земјата, европратеници, претставници на институции и на дипломатскиот кор.

На почетокот на седницата, народните претставници од 52. Народно собрание положија заклетва, заколнувајќи се во името на Република Бугарија дека ќе ги почитуваат Уставот и законите на државата и дека во сите свои дејствија ќе се раководат од интересите на народот. Во пленарната сала беа интонирани химната на Република Бугарија и химната на Европската Унија.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/balgarskiat-patriarh-daniil-prisastva-na-parvoto-zasedanie-n–1