Во аулата на Ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ се одржа свечено отворање на Меѓународната научна конференција на тема: „Континуитет, контакти и конфликти во словенско-византискиот свет“, со што се одбележаа четири децении од основањето на Центарот за словенско-византиски студии „Проф. Иван Дујчев“ – водечки истражувачки центар во областа на средновековните, византиските и палеославистичките студии.
Поради долгогодишната научна соработка помеѓу Центарот и Слепченскиот Манастир, на покана на директорот на Центарот, г-ѓа Васја Велинова, како почесни гости зедоа учество Архимандритот Серафим и дел од Сестринството на Слепченскиот Манастир Св. Јован Претеча.












