Деца од Македонија и од Косово и Метохија на летен камп во Хиландарското село

Во Хиландарското село во Сијаринска Бања, во Србија, од 4 до 10 август, беше организиран вториот детски летен камп под покровителство на светогорскиот манастир „Хиландар“, а во организација на Добротворно-образовното здружение на манастирот Хиландар „Теофил 1198“.

На кампот учествуваа триесет и шест деца од Косово и Метохија и од Македонија.

Децата од Косово и Метохија престојуваа во Хиландарското село со благослов на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот и Митрополит рашко-призренски г. Теодосиј (од Српската Православна Црква), додека децата од Македонија беа од Здружението „Мир, слога и стабилност“.

Детските кампови претставуваат важен дел од активностите на манастирот Хиландар во рамки на проектот „Хиландарски светилник“, кој е посветен на работа со деца и млади.

Извор: https://www.hilandar.org/deca-sa-kim-i-iz-s-makedonije-u-hilandarskom-selu/