Претстава по повод денот на македонската азбука во Норвешка

По повод 5 мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, учениците од Македонското училиште за јазик, култура и традиција во Осло, Норвешка, ја изведоа премиерата на театарскиот перформанс „Зборови“.

Настанот беше реализиран со поддршка на родителите и наставниците Маја Стаменковиќ и Тодор Новаков, а под менторство на Јулијана Мирчевска Мавровска. Преку театарскиот настап, учениците го одбележаа значењето на кирилицата и македонскиот јазик.

Од училиштето посочуваат дека нивните ученици и претходно учествувале во хуманитарни активности и концерти во Осло, а овојпат хуманитарниот карактер бил реализиран преку театарската претстава „Зборови“.

Средствата собрани од донаторската акција се наменети за Фондацијата „Елеуса“.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/18mswgjgwv/