Екуменска молитвена служба во храмот на Цариградската Патријаршија во Њујорк

На 29 јануари 2026 година во архиепископскиот храм „Света Троица“ на Цариградската Патријаршија, во Њујорк, се одржа екуменска молитвена служба, предводена од свештенослужители од неколку христијански традиции.

Настанот се одржа во рамките на 58-тата годишна „Недела на молитва за христијанско единство“, организирана од Светскиот совет на црквите. Темата на богослужбата беше земена од Посланието до Ефесјаните (4, 4): „Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање“.

„За да излеземе надвор од нашата црковна затвореност, мора да се стремиме свесно да ја прифатиме разновидноста која веќе постои во Телото Христово“ – рече Архиепископот Американски Елпидофор од Цариградската Патријаршија.

Беседа одржа кардиналот Тимоти Долан, кој служи како апостолски администратор на Римокатоличката архиепископија на Њујорк истакнувајќи дека „најмногу сме обединети кога сме најдлабоко соединети со Христа на Неговиот Крст“ – објаснувајќи дека искуството на страдањето ширум светот ги обединува христијаните од сите средини.

Помеѓу служителите на молитвената служба беа:

* Архиепископ Елпидофор од Цариградската Патријаршија

* Кардинал Тимоти Долан и Бискуп Џејмс Маса од Римокатоличката црква

* Епископ Месроп Парсамјан и Архиепископ Аношван Таниелијан од Ерменската црква во Америка

* Бискуп Питер Итон и д-р Кирстен Гидеро од Епископалната црква

* Бискуп Катринa Фостер од Евангелистичко-лутеранска црква во Америка (која според Википедија е прва жена и прв отворен хомосексуалец кој е на претстоителска позиција на Евангелистичко-лутеранската црква во Њујорк).

Извор: https://orthodoxobserver.org/diversity-exists-in-the-body-of-christ-archbishop-elpidophoros-says-at-ecumenical-prayer-service/