Евангелието според Марко објавено на јазикот на сибирските Татари

Рускиот Институт за превод на Библијата со седиште во Москва објави ново издание на сибирско-татарски јазик.

Објавувањето на Евангелието според Марко претставува првпат цела книга од Новиот Завет да биде издадена на овој јазик, соопштува Институтот, кој е посветен на преведување на Светото Писмо на јазиците на несловенските народи во Русија.

Претходно беа објавени избрани параболи од Евангелието според Лука, како и старозаветните книги Јона, Рут и Естира.

Сибирските Татари претежно живеат во неколку региони на Западен Сибир и се проценува дека бројат околу 101.000 луѓе. Сибирско-татарскиот јазик припаѓа на туркската јазична група. Се разликува од татарскиот и башкирскиот јазик по својот архаичен вокален систем.

Изданијата на Институтот за превод на Библијата на сибирско-татарски јазик се достапни за симнување од интернет.

Извор: https://ibtrussia.org/gospel-mark-siberian-tatar-language