Европската Унија воведе санкции против Митрополитот Тихон

Европската унија на 15 јуни 2026 година ја прошири листата на санкции против Русија вклучувајќи 34 физички и 47 правни лица. Шефицата на надворешната политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека станува збор за одговор на ноќните руски напади врз Киев и други украински градови.

Помеѓу санкционираните е и митрополитот Симферополски и Кримски Тихон (Шевкунов).

Во ЕУ соопштија дека санкциите се насочени против лица и организации кои, според Брисел, ги поддржуваат руските власти или помагаат во заобиколување на претходно воведените ограничувања.

Врз митрополитот Тихон минатата година имаше обиди за атентат, за што известивме.

Митрополитот Тихон беше назначен за поглавар на Кримската митрополија во октомври 2023 година, со одлука на Светиот синод на Руската Православна Црква. На оваа функција тој го замени митрополитот Лазар, кој беше пензиониран „со благодарност за архипастирските трудови што ги извршил во текот на 43 години“. Претходно, во јуни 2022 година, Синодот во Москва, на барање на митрополитот Платон Теодосиски и Кершки, митрополитот Лазар Симферополски и Кримски и епископот Алексеј Џанкојски одлучи да ги прими Теодосиската, Симферополската и Џанкојската епархија под директна канонска и административна јурисдикција на патријархот Кирил. Подоцна овие три епархии беа обединети во една митрополија.

Митрополитот Тихон на македонската јавност ѝ е познат како автор на книгата „Несвети, а свети“, за чија промоција тој ја посети Македонија во 2016 година.

Извор: https://spzh.eu/en/news/93762-the-european-union-imposed-sanctions-against-an-roc-metropolitan