На 12 февруари 2026 година Европскиот парламент одби амандман со формулацијата „само биолошки жени можат да забременат“. За резултатот од гласањето извести германскиот европратеник Томаш Фроелих на социјалната мрежа X (Твитер). Според објавените податоци, 200 пратеници ја поддржаа иницијативата, 233 гласаа против, а 107 парламентарци беа воздржани. Како резултат на тоа, амандманот не го доби потребното мнозинство и беше одбиен.
Амандманот се однесува на приоритетите на Советот на ЕУ во препораките до 70 сесија на Комисијата за статусот на жената при Обединетите Нации, која ќе се одржи од 9 до 19 март во Њујорк. Авторот на предлогот, пратеникот на „Алтернатива за Германија“ и член на групацијата „Европа на суверени нации“ Томаш Фроелих, ја критикуваше донесената одлука. Во својот коментар за резултатите од гласањето во Европарламентот, тој напиша: „лудница“.
Во препораките на Европската Унија, помеѓу останатото, „се нагласува важноста на целосното признавање на транс-жените како жени, забележувајќи дека нивната инклузија е суштинска за ефикасноста на сите политики на рамноправност меѓу половите и против насилството“, а истовремено „одбивањето на пристап до сексуалните и репродуктивни права и здравство што го вклучува и правото на безбеден и легален абортус се смета за родово-базирано насилство и прекршување на основните човекови права“.
Извор: https://howtheyvote.eu/votes/184379 и https://x.com/TomaszFroelich/status/2022223022904783233/photo/1
