Фудбалскиот клуб „Црвена звезда“ казнет заради прикажување на православна иконографија

Фудбалскиот клуб „Црвена ѕвезда“ од Белград ќе треба да плати тешка парична казна заради кореографијата што ја истакнаа неговите навивачи со ликот на свети Симеон Мироточив на натпреварот против францускиот клуб „Лил“, во рамки на плејофот од Лига Европа, на 26 февруари годинава.

Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) изразот на вера и почит на српските навивачи кон свети Симеон – токму на денот кога се празнува – го протолкува како „политичка порака“, што според нејзините правила е забрането.

Станува сè поочигледно дека зголемените случаи на притисоци врз христијаните во Европа допираат и до фудбалот и неговите врвни институции, како што е Европската фудбалска асоцијација, која врз основа на високата казна – во износ од 40.000 евра – го смета за „опасен“ еден светец на Православната црква, бидејќи оваа акција на преполниот стадион Рајко Митиќ во Белград (со околу 47.000 гледачи), придружена со пораката: „Нека нашата вера ве води кон победа“, ѝ штети на репутацијата на натпреварувањето.

Вкупната казна изречена за Црвена ѕвезда за овој натпревар изнесува 95.000 евра, од кои 40.000 се однесуваат на кореографијата. Според Српската радио-телевизија, на клубот му се изречени и 17.000 евра за употреба на пиротехника, 10.500 евра за фрлање предмети на теренот и 28.000 евра за попречување на преминот на трибините.

Инаку, натпреварот заврши со победа на Французите. Екипата на Лил победи со резултат 0–2, што беше резултат за пласман, бидејќи единствениот гол што го постигна Црвена ѕвезда во првиот натпревар не беше доволен за пласман понатаму.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/patriarxio_serbias/epikindynos-gia-tin-uefa-o-agios-symeon-o-myrovlitis-timorise-me-40-000-eyro-prostimo-ton-erythro-astera-gia-to-koreo/