Во Струмица се одржа првата трибина во рамките на проектот „Гласот на руралната жена – трибини за ранливост и инклузија“, посветена на економската положба и вработувањето на руралната жена.
Говорници на трибината беа Борче Јанев од „Про Агро Фармери“, Сашо Поповски од ЛАГ „Беласица-Огражден“ и Љубица Џониќ, жена фармер од Црничани. Во отворена дискусија се разговараше за економската активност на жените во руралните средини, вреднувањето на нивниот труд, можностите за развој на земјоделското производство и поддршката за руралните жени.
Проектот „Гласот на руралната жена – трибини за ранливост и инклузија“ го спроведува Фондација Елеуса, со цел да поттикне дијалог, размена на искуства и активно учество на руралните жени во локалната заедница.
Овој проект е финансиран од Владата на Република Северна Македонија – Министерство за односи меѓу заедниците.









