Госпоѓата Елица Андреска од Скопје беше одликувана од страна на Архиепископот Крагуевачки и Митрополит Шумадиски г. Јован, од Српската православна црква, со орден „Свети Крагуевачки новомаченици“, од прв степен.
Ова одликување ѝ е доделено на предлог на управата на манастирот Калениќ, односно на Високопреподобната игуманија Нектарија, а во знак на признание за големата љубов кон својата света Црква и за придонесот кон овој свет манастир.






