На 17 септември годинава, Грузискиот парламент усвои законски пакет против ЛГБТ пропагандата.
На 3 октомври, претседателот на Парламентот, Шалва Папуашвили, ја потпиша легислативата откако претседателката Саломе Зурабишвили одби да го направи тоа, пренесува РИА-Новости.
Според грузискиот устав, дури и ако претседателот одбие да потпише закон, претседателот на највисокото законодавно тело може да го направи тоа.
Пакетот се состои од основниот закон „За заштита на семејните вредности и малолетниците“, со 18 амандмани на различни други закони.
Пакетот вклучува забрана за истополови бракови, посвојување деца од страна на истополови парови, родово-афирмативна нега, јавна пропаганда на ЛГБТК+ односи и личности, како и нивно прикажување во медиумите. Ова вклучува и забрана на настани како „Прајд“, кои во последниве години предизвикаа жесток отпор и понекогаш завршуваа со насилство.