Грузиска Патријаршија: ЕУ побара од нас да промовираме истополови бракови
Раководителот на Службата за односи со јавноста на Грузиската Патријаршија, протојереј Андреј Џагмаидзе, во интервју дадено на 5 јуни 2026 година обзнани дека висок претставник на Европската Унија барал од Грузиската Патријаршија да промовира истополови бракови – известува грузиската „1тв“.
Имено, при посетата на тогашната министерка за надворешни работи на Белгија, а денес еврокомесар за еднаквост, Хаџа Лабиб, на Патријаршијата во август 2023 година, таа побарала Грузиската Црква да помогне во промовирањето на истополовите бракови.
„Тогаш не го објавивме ова, бидејќи општеството и онака беше силно поларизирано. Госпоѓата Хаџа Лабиб дојде во Патријаршијата и, покрај другите теми, ни упати едно чудно и дотогаш нечуено барање. Таа рече дека Патријаршијата има големо влијание врз општеството, а дека грузиското општество многу заостанува зад трендовите на 21 век штом истополовите бракови се неприфатливи за јавноста, па нѐ замоли да помогнеме во нивното промовирање.“
„Од наша страна тоа беше средба на високо ниво – постојат и фотографии од неа, присуствуваше и епископ, и токму на таа средба оваа госпоѓа ни го кажа тоа необично барање. Јас тогаш ѝ посочив еден широко познат случај поврзан со ЛГБТ-агендата и ѝ реков дека токму таа агенда доведе до ситуација во која, за време на едно спортско натпреварување, трансродова личност толку силно претепа жена-боксер во рингот што ја остави инвалид. Таа спортистка плачеше со горки солзи, велејќи дека цел живот се подготвувала за тоа првенство, а крајот во рингот влезе маж и ја осакати, ѝ ја скрши вилицата“ – изјави о. Андреј Џагмаидзе.
Според Џагмаидзе, Хаџа Лабиб немала одговор на тоа и рекла дека не дошла за да води дискусија.
„Ми рече: ‘Јас не сум дојдена овде за да дискутирам’, ги зеде своите документи и си замина. Немаше одговор на тоа. А каков одговор воопшто можеше да има?“
Џагмаидзе додаде дека по таа средба не се сеќава претставници на Европската унија повторно да ја посетиле Патријаршијата.
„По тоа, практично не се помнам претставници на Европа да дошле во Патријаршијата. Сега, откако Грузија доби нов Католикос-Патријарх, тие односи со амбасадите повторно се обновени и се развиваат сосема нормално“.
Претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, изјави дека последните резолуции на Европскиот парламент и на Парламентарното собрание на Советот…