Илјадници христијани од Сирија бегаат во руската база Хмајмим за да се спасат од масакрите

Руските војници штитат илјадници сириски христијани и алавити кои се обидуваат да избегаат од жестокоста на исламистите во руската воздухопловна база Хмајмим, во градот Латакија, во Сирија.

Руската воздухопловна база е моментално во целосна готовност поради пристигнувањето на десетици илјади христијани и алавити, кои побегнале од масакрите на исламистичките сили.

Овие сили се поддржани од ОН, НАТО и ЕУ, но не и од САД, бидејќи администрацијата на Трамп од самиот почеток имаше јасен став против исламистите и бараше да се прекине масакрот врз христијаните – известува Сојузот на православни журналисти.

Извор: https://eeod.gr/news/83336-oi-christiano-tis-syras-katafegoun-kat-chilides-sti-rosik-vsi-kchmemm-gia-na-sothon-ap-tis-sfags