Илјадници учесници на „Маршот за живот“ во Берлин и во Келн

Во саботата, на 20 септември 2025 година, во Берлин и во Келн, Германија неколку илјади луѓе излегоа на улица на „Марш за живот“. Во Германија „Марш за живот“ се одржува од 2002 година, а во градот Келн, ова е третпат да се одржува.

На собирот „Марш за живот“, кој е насочен против насилното прекинување на бременост, повика „Сојузното здружение за правото на живот“. Неколку католички епископи ги поддржаа барањата, а Келнскиот надбискуп, кардиналот Рајнер Марија Волки, упати поздравен збор до учесниците „Маршот за живот“.

Абортусите во Германија се во основа забранети. Но, до дванаесеттата недела од бременоста тие остануваат неказниви по спроведена консултација.

Извор: https://www.deutschlandfunk.de/tausende-beim-marsch-fuer-das-leben-und-bei-gegenprotesten-in-berlin-und-koeln-100.html