Изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар, Романови – царско служење“ во Струмица

Во неделата на јуни 2025 година, во струмичката градска галерија беше отворена изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар, Романови – царско служење“. Изложбата е реализирана како соработка на фондацијата Елеуса од Струмица и Сретенскиот манастир од Москва.

Изложбата беше од хуманитарен карактер, посетителите донираа средства кои ќе бидат употребени за помош на луѓе на кои им се потребни.

Меѓу присутните гости беше и директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.

Изложбата е прикажана над 300 пати на повеќе места ширум светот: Русија, Европа, Австралија, Америка. Изложбата е составена од семејни фотографии, портрети од семејните албуми, и претставува интересен проект од кој преку набљудување може секако во мал дел да се долови и преку слика да се навлезе во сегменти од живеењето на ова значајно историско семејство на Царска Русија.

Во голем број од фотографиите е прикажан секојдневниот живот и доловен е и прикажан хуманитарниот дух и хуманитарните активности на целото семејство.

Извор: https://www.facebook.com/eleusafondacija/