Калифорнија ја одзеде ќерката на мајка Украинка, која се спротивставила на родовата транзиција

Властите во државата Калифорнија, во САД, ѝ го одзедоа старателството на мајка православна Украинка, над нејзината ќерката-тинејџерка и преземаат чекори за нејзино посвојување, откако родителите одбиле да дадат согласност таа да биде хируршки осакатена заради родова транзиција.

Александра Љашченко, православна христијанка и легален украински имигрант, го загубила старателството над својата тогаш 15-годишна ќерка во 2024 година, откако ја одбила нејзината ненадејна за родова транзиција, пренесува „Лајф Сајт Њуз“.

Љашченко изјави за новинарите дека Калифорнија „одлучува мојата ќерка да биде дадена на посвојување“. Семејството се преселило во Флорида, каде што Љашченко вели дека се кријат бидејќи Калифорнија сака да ѝ го одземе старателството и над нејзиниот помлад син.

 Таа, исто така, изјави дека верува оти нејзината ќерка била силувана во центарот за згрижување, забележувајќи дека девојчето било сместено заедно со момчиња поради нејзиниот изразен „родов идентитет“.

Љашченко ја обвини д-р Мишел Сагер, директорка на одделот за психијатрија во Детското одделение во Рединг, Калифорнија, за индоктринација на нејзината ќерка. Таа исто така верува дека и училиштето на нејзината ќерка тајно ја индоктринирало. Третиот слој на индоктринација смета дека ќерката го добила преку социјалните мрежи.

Девојчето побарало согласност за подложување на третман со тестостерон, што нејзините родители го одбиле. Љашченко изјави дека властите „нè нарекоа културно неподготвени за воспитување на нашата ќерка во денешна Америка, што значи дека одбиваме да ја осакатиме и стерилизираме“.

Семејството потрошило речиси 500.000 долари за правни трошоци и било принудено да го напушти својот дом.

„Сакам да ги видам во затвор“, рече Љашченко за официјалните лица вклучени во нејзиното одвојување од ќерката. „Сакам да сведочам и би ја донела мојата ќерка да сведочи и да каже што ѝ направија“.

А нејзината порака до нејзината ќерка е едноставна: „Те молам врати се, но без нив. Те сакаме. Ни недостигаш. Не спијам. Повеќе не знаеме каков е вкусот на храната, животот и добриот сон. Сакам да се вратиш. Те чекам, те молам“.

California Mother Loses Custody Due to Daughter’s Gender TransitionCalifornia Mother Loses Custody Due to Daughter’s Gender Transition

Извор: https://www.lifesitenews.com/news/california-takes-girl-after-parents-oppose-gender-transition-moves-to-put-her-up-for-adoption/ преку: https://orthochristian.com/177809.html