Карлсон: Целта на војната со Иран е градење на Третиот храм во Ерусалим

Американскиот новинар Такер Карлсон во својата емисија „Вистинските мотиви на Израел, провокации и претстојната светска криза“ изјави дека зад воената операција на САД и Израел во Иран стои религиозен мотив: уништување на исламските светилишта на храмовата гора во Ерусалим и изградба на Третиот еврејски храм.

Карлсон во емисијата прикажа видеоснимка на која војник од Изреалските одбранбени сили објаснува за што се бори: „Се бориме за правото на еврејскиот народ да постои, да ја исповеда својата религија и да биде слободен. И еден ден нашиот вистински водач ќе дојде, и ќе бидеме обединети како народ – за да го обновиме Бејт а-Микдаш“. Бејт а-Микдаш е древноеврејско име за Третиот храм.

Притоа, војникот ги покажа ознаките на официјалната униформа на Израелските одбранбени сили. Една од нив е симбол на Третиот храм. Карлсон истакна дека за неколку минути на интернет пронашол десетици слични фотографии: Изреалските војници ги носат овие ознаки насекаде – на униформи што целосно се финансирани од американските даночни обврзници.

Новинарот потсети и на изјавата на Пит Хегсет – актуелниот министер за војна на САД, кој ја раководи војната со Иран. Уште во 2018 година, додека бил во Ерусалим, Хегсет изјавил: „1917 година беше чудо. 1948 беше чудо. 1967 беше чудо. 2017 беше чудо. И нема никаква причина зошто обновувањето на Храмот на храмовата гора да не може да биде следното чудо.“

„Тоа е истиот човек кој сега ја раководи војната со Иран – војна што нејзините непосредни учесници отворено ја нарекуваат војна за Третиот храм“ – нагласи Карлсон.

Карлсон се задржа и на феноменот на таканаречените христијански ционисти – евангелски пастори кои повикуваат на рушење на исламските светилишта. Особено го цитираше пасторот Грег Лок: „Израел треба да земе ракета и да ја урне таа безбожна купола на карпата од местото каде што стои, за да можеме да го изградиме Третиот храм и да го приближиме доаѓањето на Исус.“

Карлсон ваквите ставови ги нарече директна спротивност на христијанската вера. Според него, уништувањето на муслиманските светилишта на храмовата гора може да предизвика глобален религиозен конфликт. Тој наведува и бројки: во светот има околу 15,5 милиони Евреи, околу 2,5 милијарди христијани и околу 2 милијарди муслимани. Во исто време, исламот е втората по бројност и најбрзорастечка религија во секоја западна земја.

„Ако дојде до религиозна војна, тоа нема да биде конфликт меѓу Евреи и муслимани. Тоа ќе биде војна на муслиманите против христијаните – низ целиот свет, вклучително и во нашите градови“, предупреди новинарот.

Карлсон исто така го цитираше израелскиот рабин Јосеф Мизрахи, кој во 2024 година јавно предложил да се организира провокација под лажно знаме: израелски удар врз куполата на карпата да се прикаже како ирански – со цел муслиманите да се свртат едни против други.

Главниот рабин на Украина, Моше Реувен Асман, на својата страница на Фејсбук реагираше на овие тврдењата на Такер Карлсон. Коментирајќи ги зборовите на Карлсон, лидерот на еврејската заедница иронично го нарече Карлсон антисемит, украинофоб и „нов пророк“. Тој истакна дека новинарот фактички ја признал мисијата на еврејскиот народ во обновувањето на светилиштето. Асман смета дека кога противниците почнуваат да ги повторуваат зборовите на пророците, тогаш доаѓа времето за нивно исполнување.

War Update: Israel’s True Motives, Potential False Flags, and Oncoming Global CrisisWar Update: Israel’s True Motives, Potential False Flags, and Oncoming Global Crisis

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1SyWGia4dq/