Конгресмен Луна: Работевме со украинските власти за ослободување на митрополитот Арсениј

Конгресменот за Флорида, САД, Ана Паулина Луна, од Републиканската партија, соопшти дека работела со украинските власти за да се обезбеди ослободувањето на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Свјатогорски Арсениј од Украинска Православна Црква, кој е предмет на прогон од страна на украинската држава.

„Извесно време работевме на обезбедување на ослободувањето на митрополитот Арсениј од затворот во Украина. Нему очајно му беше потребна операција на срцето и со задоволство можам да известам дека беше ослободен за да ја добие неопходната медицинска грижа што му беше потребна. Иако сега е во домашен притвор, тој закрепнува“, напиша таа на платформата X (Твитер) во неделата, на 31 мај 2026 година.

Митрополитот Арсениј првично беше приведен на 25 април 2024 година поради тоа што неколку месеци претходно спомнал во проповед воен контролен пункт. Властите тврдеа дека на тој начин тајно пренесувал информации за воени позиции на руската војска. Конечно беше ослободен од притвор на 25 февруари оваа година, при што во текот на речиси две години не беше постигнат никаков значителен напредок во судскиот процес против него. Тој и понатаму останува во домашен притвор.

Во својата објава на X таа дополнително наведе:

„Сакам да им се заблагодарам на украинските службеници со кои работевме по ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме отворени линии на комуникација. Сепак, и понатаму сум загрижена дека свештенослужителите на Украинската Православна Црква се цел на притисоци и добив информации дека тие и понатаму се испраќаат на фронтот во борбени улоги, што е спротивно на меѓународното право.

Ќе продолжам да се борам за христијаните кои се прогонувани, особено кога тоа се случува во земја која бара наша помош, и внимателно ќе го следам развојот на овие настани.“

Извор: https://x.com/RepLuna/status/2061165010957832369