На интернет се прошири видеоснимка на која се гледа насилно одведување на свештеник на Украинската Православна Црква од страна на лица со фантомки. Авторите на снимката тврдат дека станува збор за насилна мобилизација на свештенослужител, пренесуваат украинските црковни медиуми.
На снимката се гледа како полугол маж, кој вика и се обидува да се ослободи, е насилно внесен во автобус од лица со покриени лица. Во близина се наоѓа жена која безуспешно се обидува да го спречи неговото одведување, најверојатно неговата сопруга.
Според изворот, на човекот на видеото е протоерејот Јован Кузмински, настојател на храмот „Свети Јован Милостив“ во селото Љубче. Новинарите на „Први козачки“ тврдат дека ова е првпат на видео да биде документирана насилна мобилизација на свештеник на УПЦ. Инцидентот се случил во Луцк на 23 јули годинава.
Претходно, случаи на мобилизација на свештенослужители на Украинската Православна Црква, за што имаме известувано, повеќепати предизвикаа реакции. Црквата ваквата практика ја оцени како свесно сквернавење на свештеничкиот чин, додека поединечни архијереи побараа од територијалните центри за регрутација да престанат со присилното повикување на клирици. Верници и организации за човекови права тврдат дека ваквите инциденти се случуваат во услови на континуиран притисок врз Украинската Црвка во различни делови на Украина.
Извор: https://spzh.eu/ru/news/94561-ljudi-v-balaklavakh-vykrali-svjashchennika-upts-v-lutske-video
