На 19 септември 2026 година во Келн се одржа „Маршот за живот“, организиран од „Сојузот за право на живот“. Според организаторите, околу 2.000 луѓе излегле на улиците за да демонстрираат за заштита на неродениот живот. Меѓу учесниците имало и православни христијани од црковни општини во Келн, Нојс и Брил.
На настанот учествуваа претставници на различни христијански конфесии и организации за заштита на животот. Учесниците носеа плакати со натписи како „Животот е убав!“ и „Правото на живот е човеково право“. Во поворката беа видливи и православни икони, кои делумно ги носеа и христијани од други конфесии.
Паралелно со маршот се одржа контрадемонстрација, организирана од коалицијата „За избор – Келн“ и други групи. Според извештаите од местото на настанот, дел од контрадемонстрантите се обиделе со седечка блокада да ја попречат маршрутата на маршот. Исто така, биле фрлани и вреќички со боја, а биле употребени и димни бомби.
Полицијата била присутна со бројни припадници и ги раздвојувала двете собири. И покрај протестите, маршот продолжил. Според учесниците, атмосферата во самата поворка во најголем дел била мирна.
Во исто време, демонстрација за заштита на животот се одржа и во Берлин, на која, според „Сојузот за право на живот“, учествувале околу 4.000 луѓе.
Извор: https://www1.wdr.de/mediathek/video/nrw-video/demo-koeln-abtreibunsgegner-wdr-aktuell-100.html

