На 14 септември 2025 година, во римокатоличката базилика „Свети Павле“ во Рим се одржа меѓухристијанска средба посветена на споменот на мачениците и сведоците на верата од 21 век. Настанот се одржа со учество на Римскиот Папа Лав XIV.
Во своето обраќање Папата Лав нагласи дека подвигот на мачениците е сведоштво за „невооружената надеж“ која се спротивставува на насилството и омразата на противниците на Крстот Христов.
Учесниците на средбата им оддадоа почит на постраданите за Христа и изразија солидарност со современите христијани кои се изложени на прогони.
Со благослов на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, Руската Православна Црква на средбата ја претставуваше претседателот на Одделот за надворешни црковни врски, Митрополитот Волоколамски Антониј.
Исто така, со благослов на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, на поменот на мачениците и сведоците на верата од 21 век во Рим, на празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов според новиот календар, како негов личен пратеник учествуваше Архиепископот Хелсиншки и на цела Финска Илија, поглаварот на Финската Православна Црква.
Беа присутни и претставници на други помесни Православни Цркви.
Утрото на истиот ден, Митрополитот Волоколамски Антониј, отслужи Божествена литургија во рускиот православен храм „Света великомаченичка Екатерина“, во Рим. По завршувањето на богослужбата, митрополитот Антониј одржа проповед на тема од евангелската парабола за свадбената трпеза, што беше прочитана за време на Литургијата. Владиката, исто така, топло ги поздрави свештенство и верниците, изразувајќи радост за можноста да се помоли во храмот каде што неколку години го вршел послушанието на настојател.
Извор: https://mospat.ru/ru/news/93545/ и: https://www.ort.fi/ru/архиепископ-илия-примет-участие-в-пом/
