На 21 септември 2025 година, во куќата на Робевци, во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј се обрати со поздравно слово на Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“.
Симпозиумот е во рамките на Европските денови на наследството 2025 година, а го организираат Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот „Хумболт“ во Калифорнија.









