Меѓурелигиски час на Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки

На 23 април 2026 година се одржа меѓурелигиски час за студентите од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за исламски науки, во организација на Фондација Конрад Аденауер. Настанот беше посветен на темата „Улогата на теологот во 21-от век: предизвици и компетенции“, со цел поттикнување на академски дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на меѓурелигиското разбирање.

Во рамки на програмата беше реализирана студиска посета на храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде присутните ги поздрави протојереј м-р Трајче Петковски, старешина на храмот. Потоа предавање одржа проф. д-р Анета Јовковска од Православниот богословски факултет, по што следуваше сесија со прашања и одговори.

Учесниците ја посетија и џамијата „Султан Мурат“, каде на истата тема говореше проф. д-р Мухамед Мустафи од Факултетот за исламски науки.

Настанот, со свое присуство, го збогати и професорот Дарко Анев од Православниот богословски факултет.

Средбата заврши со заеднички ручек и неформална дискусија, во духот на почит, соработка и градење мостови меѓу идните теолози.

Извор: https://pbf.edu.mk/одржан-меѓурелигиски-час-за-студенти/