Повеќе од 30 христијани беа обезглавени во септември во серија напади извршени од терористи поврзани со Исламската држава во северниот дел на Мозамбик.
Како што известува Институтот за истражување на медиумите на Блискиот Исток, Покраината Исламска држава – Мозамбик“ објавила серија од 20 фотографии кои документираат нивни „акции на погубување цивили преку обезглавување и блиска престрелка, како и палење на домови и цркви“. Повеќе села во покраините Кабо Делгадо и Нампула биле нападнати.
Само минатата недела, двајца христијани биле обезглавени во селото Чиуре-Вељо – напад за кој исламските терористи презедоа одговорност, заедно со многу други напади низ септември. Во текот на истата недела, тие извршиле повеќе упади: запалиле две цркви и убиле еден христијанин во едно село; во друго село запалиле уште две цркви; нападнале град, убиле четворица христијани и им ги ограбиле домовите; обезглавиле еден христијанин во округот Макомија; запалиле повеќе од 100 домови на христијани и една црква во друго село; а во трето уништиле една црква и десет куќи.
Освен убиствата и уништувањата, неколку христијани — меѓу нив и жени и деца — биле киднапирани.
Според „Кристијан пост“, „насилството е дел од ескалација која расели десетици илјади цивили и предизвика обновен безбедносен сојуз меѓу Мозамбик и Руанда“. Во последниве недели, најмалку 50.000 лица се раселени од округот Чиуре.
Иако воените лидери на Мозамбик и Руанда се обидуваат да го стабилизираат регионот и да воспостават мир, Исламската држава ја продолжува офанзивата, и покрај извештаите на Обединетите нации дека бројот на борци паднал од 2.500 на околу 280 во текот на оваа година. ОН проценува дека повеќе од 1 милион луѓе во северен Мозамбик биле раселени од почетокот на востанието во 2017 година, а најмалку 6.200 биле убиени.
