Митрополитот Јосиф на обележувањето на 81 година од загинувањето на Кузман Јосифовски – Питу

На 25.02.2025 година, на покана на командантот на Третиот пешадиски баталјон, потполковник Томица Ристоски, во касарната „НХ Кузман Јосифовски – Питу“, во Тетово, Високопреосвештениот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф присуствуваше на одбележување на 81 годинa од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу.

Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово одржа потполковникот Томица Ристоски, кој се осврна на животот и делото на Кузман Јосифовски – Питу, истакнувајќи дека со одбележувањето на патронатот секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија.

Извор: https://tge.mk/product/odbelezhuvanje-na-81-godina-od-zaginuvanjeto-na-narodniot-kheroj-kuzman-josifovski-pitu