На покана на Друштвото за наука и уметност од Прилеп, на 22 април 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско–осоговски г. Григориј, кој воедно е член на оваа друштво, одржа предавање во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, на тема: „Борбата за доминација помеѓу максимизирање на задоволството и минимизирање на болката. Деституција на ентитетот, за сметка на личните придобивки-систем без тенденција кон рамнотежа“.
На предавањето беа присутни свештенослужители, членови на оваа друштво и верен народ од градот Прилеп.






