Над 20.000 учесници на „Маршот за Исус“, во Париз

Фотографија: marchepourjesusfrance.fr

Илјадници луѓе излегоа на улиците на француските градови Париз, Лил, Нант, Мец и Стразбур, во саботата на 25 мај, на „Маршот за Исус“ во 2024 година.

Оваа манифестација за првпат е организирана во 1987 година, во Лондон, а во Франција првиот марш е одржан во 1991 година, во Париз.

Организаторите на овој настан се Протестанти – Евангелисти, кои имаат за цел маршевите да бидат „радосно и мирно сведоштво за живата вера која сака да допре до срцата, преку пофалби, молитви и објавување на Божјото Слово кои се во срцето на маршот“.

Маршот во Париз годинава достигна рекордно учество, со 21.000 луѓе, од кои многумина млади, што, според организаторите, „го илустрира успехот на настанот“.

Маршот во главниот град заврши со концертот на евангелистичката музичка група Хилсонг ФР и католичката музичка група Глориус. Тие изведоа заеднички составена песна наречена „Нека врне дожд“, напишана специјално за настанот.

Извор: https://evangelicalfocus.com/europe/26835/over-20000-march-for-jesus-in-paris