На 9 август, кога Црквата го празнува споменот на светиот Климент и Пантелејмон, во куќата на Уранија, во Охрид, беше врачена награда за хуманизам за 2025 година на Светлана Мојсов.
Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов Мојсов е професор на универзитетот Рокфелер во САД. Таа има огромен придонес во современата македонска медицина, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справување со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.
На овој настан присуствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во придружба на Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј.



