Недолични танци и претстави во храм одземен од Украинската Православна Црква

Информативно-просветниот оддел на Украинската Православна Црква на 29 декември 2025 година реагираше на „културните настани“ кои беа организирани во храмот „Света Троица“, во Чернигов, Украина, одземен од Украинската Православна Црква.

Уметници од локалниот драмски театар пееја, танцуваа и изведуваа недолична претстава во самиот храм, буквално пред моштите на светите Теодосиј и Филарет Черниговски и на преподобниот Лаврентиј – се вели во реакцијата од Украинската Православна Црква.

Спорната претстава е одржана на 26 декември 2025 година со учество на уметници од Черниговскиот регионален академски музичко-драмски театар „Т. Г. Шевченко“, како и други работници од областа на уметноста од Черниговскиот регион. На своите профили на социјалните мрежи уметниците раскажуваат за содржината на фестивалот. Поточно, според нив, она што го изведувале во храмот „звучело не само како уметнички дела, туку и како своевидни духовни обраќања“.

Извор: https://uoc-news.church/2025/12/29/vpershe-za-bagatovikovu-istoriyu-u-chernigovi-pered-svyatimi-moshhami-ztancyuvali-miscevi-artisti/