Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Факултетот за исламски науки и Славјанскиот универзитет, организира панел дискусија насловена „Младост, ум и депресија“.
Овој настан се фокусира на проблематиката на депресијата, која во последната деценија бележи забележлив раст, особено меѓу младата популација. На панелот ќе учествуваат експерти и студенти кои ќе ја разгледаат темата од различни перспективи – психологија, христијанска педагогија, гешталт терапија и теологија.
Модератор на настанот ќе биде Димитар Петрески – претседател на студентскиот сојуз при Православниот богословски факултет во Скопје.
Поканети панелисти на дискусијата се:
- д-р Анета Јовковска
- м-р Арбер Кадриу
- д-р Ана Чучкова
Сите тие се познати по своето долгогодишно искуство и експертиза во своите области.
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје упатува отворена покана за учество на оваа дискусија, која ќе се одржи на 27.02.2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на факултетот.
Извор: https://pbf.edu.mk/известување-за-панел-дискусија-на-тем/