Папата Франциск почина во понеделник на Велигден, 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст во својата резиденција во Ватикан.
Во 9:45 часот, кардиналот Кевин Фарел ја објави смртта на папата Франциск со овие зборови:
„Најдраги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот свет отец Фрањо. Во 7:35 утринава, Римскиот епископ Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен во службата на Господ и на Неговата Црква. Тој нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со вера и универзална љубов. Со неизмерна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, душата на папата Франциск ја предаваме на бескрајната милосрдна љубов на Едниот и Триеден Бог“.
Папата беше примен во поликлиниката „Агостино Гемели“ во петокот, 14 февруари 2025 година, откако неколку дена страдаше од бронхитис, како што известивме.
Извор: https://www.vaticannews.va/en/pope/news/2025-04/pope-francis-dies-on-easter-monday-aged-88.html