Патријархот Вартоломеј на ифтар во Анкара

Неговата Сесветост, Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј, се одзва на поканата од владејачката „Партија на правдата и развојот“ (АКП), која беше упатена до него, како и до другите верски лидери во земјата, и на 3 март 2025 година, отпатува во Анкара. Таму присуствуваше на вечерата (ифтар), која традиционално се служи во текот на месецот Рамазан по завршувањето на дневниот пост, а на која присуствуваше и се обрати претседателот на Република Турција, Неговата Екселенција г. Реџеп Таип Ердоган – известува официјалната интернет страница на Цариградската Патријаршија.

Патријархот му ги упати своите честитки на претседателот Ердоган и, преку него, на сите муслимани во земјата по повод месецот Рамазан. 

На вечерата присуствуваа бројни поканети гости, меѓу кои амбасадори и дипломати од странски држави, како и личности од политичкиот и општествениот живот на Турција. 

Неговата Сесветост, кој истиот ден се врати во Цариград, беше придружуван од високопреосвештениот Митрополит на Четириесетте Цркви, г. Андреј.

Извор: https://ec-patr.org/ο-οικουμενικός-πατριάρχης-στην-άγκυρ-8/