Петокнижието објавено на аварски јазик (Дагестан)

Московскиот Институт за превод на Библијата продолжува со својот проект за преведување и издавање на Светото Писмо на јазици на несловенските народи што живеат во Русија, со објавувањето на Петокнижието на аварски јазик. 

Преводот беше прегледан од тим научници и одобрен од Институтот за јазик, литература и уметност „Цадаса“ при Руската академија на науките, соопшти Институтот. 

Аварскиот јазик (од нахско-дагестанското јазично семејство) е еден од официјалните јазици на Република Дагестан во Русија и го зборуваат аварите — најбројниот народ во републиката. Според податоците од 2020 година, во Русија живеат нешто повеќе од еден милион авари. Тие исто така живеат во источна Грузија и северен Азербејџан. 

Преводот е резултат на заедничка работа меѓу аварски научници и библиски научници со познавање на хебрејскиот текст. 

Новото издание содржи и карти, географски табели и речник на библиски поими. 

Институтот претходно ги има објавено во превод на аварски јазик следниве изданија: „Изреки“, „Нов завет“, „Битие“, „Рут/Естира/Јона“, „1-2 Самоил/1-2 Цареви“ и „Книгата на пророк Даниил“, кои се достапни за преземање на веб-страницата на Институтот.

Извор: https://ibtrussia.org/pentateuch-avar?language_content_entity=en