Во саботата на 22 ноември 2025 година, поглаварите на ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) и на Украинската Грко-католичка (унијатска) Црква, Епифаниј Думенкo и Свијатослав Севчук, заеднички отслужија панихида пред споменикот на жртвите на Гладоморот во Киев. На настанот учествуваа околу 40 клирици од двете структури, како и римокатоличкиот бискуп Александар Јазловечки – известува официјалната интернет страница на Украинската Грко-католичка (унијатска) Црква.
Потсетуваме дека во Православието повеќе канони забрануваат сослужување, па дури и заедничка молитва со неправославни. На пример, 45-тото апостолско правило гласи: „Епископ, или презвитер, или ѓакон, кој само се помолил заедно со еретици, да биде одлачен. А ако им дозволил да извршат нешто како клирици, да биде разрешен од чин.“



Извор: https://ugcc.ua/data/blazhennishyy-svyatoslav-i-mytropolyt-epifaniy-zvershyly-panahydu-za-zhertvamy-golodomoru-7857/ преку: https://athoseod.gr/news/83641-igtes-tis-ocu-kai-ton-oynitn-tlesan-koin-mnimsyno
