„Тука сме за да го објавиме животот како света вистина: Секое дете е чудо и дар од Бога“, изјави потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џејсон Дејвид Ванс, на 24 јануари, на Националниот „Марш за живот“ во Вашингтон. На овој настан учествуваше и Православната црква во Америка, за што известивме.
Според американските медиуми, ова беше првото јавно обраќање на Ванс по положувањето заклетва како потпретседател на САД.
Во своето обраќање пред илјадници учесници, Ванс изјави дека му е чест да биде дел од маршот за живот.
Според потпретседателот Ванс, целта на ова движење е да се заштитат невините животи и да се брани животот на неродените. Тој нагласи дека раѓањето на неговите три деца е најголемиот благослов во неговиот живот.
„Америка е фундаментално земја која е за децата, за животот и за семејството“, истакна Ванс.
„Во моето искуство, имаше време кога се фрустрирав кога луѓе гледаа слика на бебе на ултразвук, и не гледаа човек, туку збирка од клетки. Но, со текот на времето сфатив дека е благослов да се знае вистината, а вистината е дека неродените деца треба да се заштитат“ – рече како заклучок новиот потпретседател на САД.