Најмалку 31 лице загинаа, а 169 се повредени во експлозија во џамија за време на петочната молитва во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопшти градски функционер – известува Би-би-си. Полициски извори наведуваат дека самоубиец-бомбаш активирал експлозивна направа откако се приближил до портите на шиитската џамија во населбата Тарлаи во градот, додека очевидци изјавиле дека на експлозијата ѝ претходел звук од истрели.
Прогласена е вонредна состојба откако болниците почнале да ги примаат повредените, а бил упатен и јавен апел за дарување крв. Осудувајќи го инцидентот, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази „длабока жалост“ и повика на темелна истрага и итна идентификација на одговорните за нападот.
Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари изјави дека „нападот врз невини цивили претставува злосторство против човештвото“.
Бунтовничката група Армија за ослободување на Белуџистан соопшти дека стои зад нападите. Војската, која со децении води борба против бунтот во регионот, соопшти дека како одговор убила повеќе од 200 милитанти.
