Православниот поглавар изгласан за личност на 2025 година во Албанија

Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија г.г. Јован беше прогласен за „Личност на годината“ по спроведено онлајн-гласање. Неговото Блаженство се истакна меѓу 12 личности избрани од редакцискиот тим на „Њузбомб.ал“ и освои 32% од гласовите.

Гласањето го привлече интересот на илјадници посетители, а вкупно гласаа околу 10 илјади луѓе. Особено значајно е тоа што оваа иницијатива не потекнува од Православната Црква на Албанија, туку од интернет-портал чиј фокус се политичките и општествените случувања.

Според „Њузбомб.ал“, критериумот за негово вклучување во списокот на значајни личности бил фактот што тој е првиот Албанец поглавар на Православната Црква по упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ г.г. Анастасиј, кој беше Грк.

На второто место се најде Алтин Думани, раководител и генерален обвинител на Специјалната структура за борба против корупцијата и организираниот криминал во Албанија, со 28% од гласовите.

На третото место беше селекторот на фудбалската репрезентација на Албанија, Силвињо, со 8% од гласовите, кој беше ценет за својата работа и спортските успеси во текот на 2025 година.

Извор: https://newsbomb.al/aktualitet/kryepeshkopi-i-pare-shqiptar-ne-kishen-ortodokse-autoqefale-joan-pelu-i381277 преку: https://www.orthodoxianewsagency.gr/aytokefales_ekklisies/ekklisia_albanias/2025-prosopo-tis-xronias-o-arxiepiskopos-alvanias-ioannis/