Претседателот Трамп подари православна икона на руски манастир

По предлог на американскиот претседател Доналд Трамп, копија од Ситкинската икона на Пресвета Богородица е подарена на Свето-Троицката Сергиева Приморска пустина во Стрелна, покрај Санкт Петербург, соопшти Родни Мимс Кук Јуниор, претседателот на Федералната комисијата за ликовни уметности на САД и основач и претседател на Националниот фонд за споменици на САД.

Тој за руската новинска агенција „ТАСС“ истакна ова било возвратен гест на подарокот од рускиот претседател Владимир Путин на Црквата на Алјаска.

„Длабоко ме трогна посетата на претседателот Путин на Алјаска. Тој ѝ подари икона на свети Герман на Православната Црква на Алјаска. Претседателот Трамп ми предложи да го ‘возвратам’ тој гест овде“, изјави тој. Имено, претседателот Путин при својата посета на САД во 2025 година, на Архиепископот на Алјаска му подари икони од преподобниот Герман Алјаски и Пресвета Богородица, како што известивме.

Родни Кук призна дека за него ова е „многу личен настан“.

„Сакав повторно да се вратам овде“, рече тој за своето доаѓање во Санкт Петербург, каде што е дојден за да учествува во работата на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Ситкинската икона на Пресвета Богородица е чудотворна икона што се наоѓа во катедралниот храм „Св. архангел Михаил“ во Ситка, Алјаска.

Извор: https://tass.ru/mezhdunarodnaya-panorama/27616061