Потсекретарот на „Дикастеријата за мирјани, семејство и заштита на животот“ на римокатоличката црква го модерираше состанокот посветен на проблемот со сурогат мајчинството, кој се одржа во канцеларијата на Обединетите нации, во Женева, во контекст на седницата на Советот за човекови права. Се разговараше за потребата од меѓународно планирање за заштита на жените и децата од сите форми на експлоатација.
Сурогат мајчинството е „сериозно кршење на достоинството и правата на жените и децата“ и меѓународната заедница „мора да се чувствува повикана да размисли за итноста од наметнување апсолутна забрана“ за оваа пракса, на што повика и папата Франциск во својот говор пред дипломатските кор во јануари годинава. Всушност, постои „консензус на силна негативна осуда“ на оваа пракса ширум светот, „и од различни политички, етички и верски позиции“. Ова го истакна г-ѓа Габриела Гамбино, потсекретар на „Дикастеријата за мирјани, семејство и заштита на животот“, сумирајќи ја дискусијата одржана на 18 јуни 2024 година во седиштето на Обединетите нации во Женева.
Настанот на тема: „По која цена? За укинување на сурогат мајчинството: Спречување на експлоатација и комерцијализација на жените и децата“ беше организирана од Постојаната мисија на Римокатоличката црква при Обединетите нации во Женева заедно со фондацијата „Caritas in Veritate“, кој се одржа за време на 56. сесија на Советот за човекови права во Женева со поддршка на постојаните мисии на Италија и Суверениот воен ред на Малта.
Целта на средбата, како што објасни модераторката во воведниот збор, е „да се размисли за итноста на меѓународниот одговор на феноменот на сурогат мајчинство“. Свесни за фактот дека „детераѓачкиот туризам“, создаден заради разликите во законите на државите во врска со сурогат мајчинството, „сè уште останува причина за транснационална експлоатација на жените и децата преку оваа пракса“. Гамбино е убедена дека е неопходно „да се промовира заедничка посветеност за универзална заштита на достоинството и основните човекови права на оние кои се вклучени во оваа пракса“.
Официјалниот претставник на Ватикан ја цитираше неодамнешната декларација „Dignitas infinita“ на „Дикастеријата за наука на верата“, од април 2024 година, која нагласува дека секое дете има право „да има целосно човечко потекло и […] да го прими дарот на живот, во кој се манифестира достоинството на давателот и на примателот“. Таа повтори дека „не се дозволени сите методи на зачнување и дека не постои ’право да се има дете’ во строго правна смисла што би можело да оправда каква било практика за детераѓање“. Габриела Гамбино потоа потсети на проблемите поврзани со сурогат мајчинството, од „обезличувањето и процесуализацијата на раѓањето“ до „комерцијализацијата и експлоатацијата на жените и децата“. Ова, според неа, е „начин на уредување на фундаменталните човечки односи, којшто ќе остави траен белег врз идентитетот и животот на жената и на детето.“
Извор: https://www.vaticannews.va/en/vatican-city/news/2024-06/holy-see-organizes-meeting-focusing-on-the-abolition-surrogacy.html преку https://katolici.mk/претставничката-на-светиот-престол-п/