Првиот состанок на кабинетот на Трамп започна со молитва

Претседателот на САД Доналд Трамп на 26 февруари 2025 година го одржа својот прв состанок со новиот кабинет, а овој важен момент започна со молитва. Скот Тарнер, секретарот за домување и урбан развој, ја предводеше воведната молитва: „Оче, Библијата вели дека благословен е народот чиј Бог е Господ. Оче, денес Те почитуваме на Твоето вистинско место и Ти благодариме што ни ја даде оваа можност да ја обновиме верата во оваа земја и да бидеме благослов за народот на Америка. Те молиме да бидеш прославен во нашите разговори за време на овој состанок. Во името на Исус, Амин“ – се помоли Тарнер, на што присутните одговорија со „Амин.“ 

Моментите на молитва беа видлив дел и од првиот претседателски мандат на Трамп. Сепак, тој овој месец изјави дека неговото разбирање за Бога се продлабочило откако за малку ќе беше убиен при обидот за атентат на митинг во Батлер, Пенсилванија, минатото лето. 

„Никој од нас не знае точно кога нашето време на земјата ќе заврши,“ рече Трамп на Националниот молитвен појадок. „Никогаш не знаете – а јас се соочив со таа вистина пред неколку месеци, кога се случи еден инцидент… што не беше воопшто забавно.“ 

Претседателот често нагласува дека верува дека Господ го спасил тој ден. „Бог ме гледаше“ – рече Трамп. 

„Тоа нешто промени во мене“ – додаде тој. „Верував во Бога, но сега чувствувам уште посилна вера. Нешто се случи.“ 

Trump's First Cabinet Meeting Opens in PrayerTrump's First Cabinet Meeting Opens in Prayer

Извор: https://cbn.com/news/politics/blessed-nation-whose-god-lord-first-trump-cabinet-meeting-opens-prayer