Рабин благослови свештеник на Цариградската Патријаршија во САД

Во рамките на поменот, кој беше отслужен на 11 септември 2025 година, во храмот „Свети Никола“ на местото на срушените кули-близначки во Њујорк, за упокојување на душите на невините неправедно загинатите жртви во 2001 година, рабин од Њујорк го благослови протосингелот Цариградската Патријаршија протојереј-ставрофор Илија Вилис.

Рабинот го благослови отец Вилис полагајќи ја раката на неговата глава и придружувајќи го благословот со молитва. Колку ѝ што е познато на редакцијата на весникот „Етникос Кирикас“ кој ја објави оваа вест, ова е првпат еврејски рабин да благослови и да се моли над главата на грчки православен свештеник во САД.

Телефонската порака на „Етникос Кирикас“ до протосингелот Илија Вилис, во сабота попладне, на 13 септември, остана неодговорена.

Настанот го објави самиот отец Вилис на својот профил на социјалните мрежи, додавајќи коментар покрај објавените фотографии. Во својот коментар тој напиша:

„Денес на ’Граунд зеро’ се сетив дека дури и под сенката на незамисливата загуба, Божјата светлина свети. Тој смирен рабин ме виде како одам и веднаш ме прегрна, не како некој различен, туку како брат. Во тој момент верата ја сретна верата, срцето – срцето, и единството ја надмина поделбата. Тука, каде што некогаш светот беше потресен, стоиме силни… различни патишта… иста надеж“.

Се истакнува дека благословениот протојереј-ставрофор на Цариградската Патријаршија, Илија Вилис, покрај должноста протосингел е и парохиски старешина на заедницата „Христос Спасител“ во местото Рај (Rye), Њујорк.

Извор: https://www.romfea.gr/oikoumeniko-patriarxeio-ts/arxiepiskopi-amerikis/71889-ravinos-evlogise-ton-protosygkelo-protopr-ilia-vili