Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, беше примен во болницата „Агостино Гемели“, во Рим, на 14 февруари, како последица на бронхитис. Потоа, му беше дијагностицирана двојна пневмонија и фармаколошката терапија беше прилагодена.
Во соопштението на Канцеларијата за печат до новинарите од 20 февруари се вели дека здравствената состојба на папата Франциск покажува благо подобрување и дека во текот на денот примил света причест и се посветил на некои работни активности.
Одговарајќи на прашања кои му ги поставија новинарите во четвртокот вечерта, Матео Бруни, директорот на Канцеларијата за печат објасни дека Папата има „фокална пневмонија“ што укажува на ограничени области на инфекција во белите дробови, а не на широко распространета пневмонија. Додаде дека тој дише самостојно и дека работата на срцето останува стабилна.
Извор: https://www.vaticannews.va/mk/pope/news/2025-02/14627.html
