Римскиот папа загрижен поради одлуката на украинските власти, апелира да не се укинува Украинската православна црква

Откако ја вознесе пладневната молитва „Ангел Господов“ заедно со поклониците собрани на плоштадот Свети Петар во неделата, на 25 август, Римскиот Папа Франциск ја даде следната изјава:

„Со болка продолжувам да ги следам воените дејствија во Украина и во Руската Федерација. А кога размислувам за законските одредби што неодамна ги усвои Украина, имам загриженост за слободата на оние кои се молат, бидејќи оној кој се моли, секогаш се моли за сите. Со молитвата не може да се направи зло. Ако некој направи злодело против својот народ, тој ќе биде виновен за тоа, но не може да направи зло поради тоа што се молел. Затоа, нека се моли оној што сака да се моли во Црквата што ја смета за своја. Ве молам, не треба директно или индиректно да се укинува никаква христијанска Црква: Црквите се неприкосновени.“

Извор: https://www.vaticannews.va/ru/pope/news/2024-08/posle-molitvy-angelus-papa-upomyanul-ukrainu-i-rossiju.html