Роберт Амстердам: Создавањето на ПЦУ е специјална операција на американската влада

Правниот застапник на Украинската Православна Црква, американско-канадскиот меѓународен адвокат Роберт Амстердам, во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, објавено на 19 февруари 2025 година, изјави дека ПЦУ (Православна Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) била создадена со поддршка и финансиски средства од САД. 

„Пред 5 години во Украина беше создадена нова Црква од администрацијата на Порошенко со активно учество на американската влада. Американскиот Стејт департмент беше вклучен во создавањето на Црквата. Сметам дека или USAID, или некои други организации ја финансирале оваа државна Црква, наречена ПЦУ. Ова, всушност, е еден вид ЦИА-операција за создавање Црква која би била целосно ослободена од она што тие го сметаа за опасно влијание на Путин“ – изјави Амстердам. 

Според него, Стејт департментот отворено го прекршил американскиот устав, „учествувајќи во уништувањето на верската слобода во странска држава, правејќи нешта што се апсолутно незаконски според нашиот устав“. 

„Го истраживме ова, се сретнавме со луѓе кои беа на високи позиции во американската влада и кои ми потврдија дека ова беше операција на американската влада. Направивме сè што можевме, но налетавме на ѕид од украинска пропаганда во Вашингтон“, изјави адвокатот. 

Тој нагласи дека ПЦУ „презела 1.500 наши храмови“. 

„Што е уште полошо – ги тепаа нашите свештеници, ги тепаа нашите верници, и јас го имам сето тоа на видео. Ако отидете на savetheuoc.com, ќе видите снимки како ги тепаат нашите верници. Тоа се постари луѓе, чии деца се на фронтот, борејќи се за ослободување и одбрана на Украина, а нив често ги тепаат припадници на СБУ – тоа е нивната тајна полиција, во маски, со нацистички симболи на ракавите“, изјави Амстердам.

Извор: https://tuckercarlson.com/tucker-show-bob-amsterdam