Руската Православна Црква ја поддржа изјавата на Светскиот совет на црквите за ситуацијата во Венецуела

На 3 јануари 2026 година беше објавена изјавата на генералниот секретар на Светскиот совет на црквите, пастор професор д-р Џери Пилеј, посветена на настаните во Венецуела. Во документот се вели:

„Нападите извршени од Соединетите Американски Држави во Венецуела, како и апсењето и задржувањето на претседателот Мадуро и неговата сопруга, претставуваат запрепастувачки флагрантни прекршувања на меѓународното право. Овие дејствија создаваат опасен преседан и даваат пример за другите кои настојуваат да ги отфрлат сите ограничувања против употребата на вооружена агресија и брутална сила за остварување политички цели.

Светскиот совет на црквите итно повикува на запирање на ваквите напади, на почитување на принципите на меѓународното право и суверенитетот на државите, на решавање на споровите преку дијалог и дипломатија, наместо преку вооружено насилство, како и Обединетите нации и Организацијата на американските држави да преземат брзи мерки за да обезбедат сите членки да ги почитуваат соодветните повелби и конвенции. Во овие опасни и неизвесни времиња, на светот му се потребни мудри и храбри лидери за мир, а не умножување на конфликтите и нормализирање на меѓународното беззаконие, што носи ризик од уште подлабоко пропаѓање во хаос. Се молиме мудроста и мирот да надвладеат во овој контекст, како и во другите делови на светот.

’Одвраќај се од злото и прави добро; барај мир и следи го’ (Пс. 33:15).“

Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија соопштува дека Руската Православна Црква ја споделува позицијата на генералниот секретар на Светскиот совет на црквите во врска со ситуацијата во Венецуела.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93901/ и https://www.oikoumene.org/resources/documents/wcc-statement-on-venezuela