Големо разочарување и згрозеност предизвика во швајцарската јавност фотографијата на политичарката Санија Амети, со потекло од Косово, како пука во икона на Богородица!
Ова е вознемирувачки настан бидејќи слични слики досега не биле објавени во Швајцарија. Амети, копретседателка на политичкото движење „Зелени Либерали“ од 2021 и член на Градскиот совет на Цирих од 2022, во неделата објавила фотографија на социјалните мрежи на која се гледа како со пиштол пука во икона на Богородица со Богомладенецот. По јавниот негодувачки одзив, Амети поднела оставка од раководството на партијата и ја избришала сликата што ја објавила на Инстаграм.
Амети, која според швајцарските медиуми е муслиманка по религија, се обидела да ја оправда својата постапка со тврдење дека не го сфатила религиското значење на иконата. Сепак, нејзините одговори не биле убедливи, и осудите продолжиле.
Младината на десничарската Швајцарска народна партија поднела тужба против Амети за прекршување на верската слобода и правото на вероисповед, според соопштението од партијата.
Од своја страна, „Зелените Либерали“, партијата на Амети, сериозно разгледуваат можност да ја исклучат од партијата. „Според мислењето на раководството на партијата, продолжувањето на учеството на Санија Амети во Зелените Либерали би ја оштетило репутацијата на партијата. Со цел да се избегнат понатамошни штети, партијата бара итно да се започне процесот на исклучување“, се наведува во соопштението на партијата.
Амети е родена во Косово и Метохија во 1992 година во албанско-муслиманско семејство. Нејзиниот татко бил професор по биологија и политичар во поранешна Југославија. Во Швајцарија пристигнала со своите родители во 1995 година. Откако дипломирала во регионалната школа во Цирих во 2011 година, студирала право на Универзитетот во Цирих од 2011 до 2018 година, а докторирала на тема сајбер-безбедност на Универзитетот во Берн.
Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/epikairotita/elvetia-politikos-pyrovolise-eikona-tis-panagias/